Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски повторно се збуни со мерките

Собранието вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).

Што го “збуни” ВМРО-ДПМНЕ!?

Веднаш по изгласувањето на законот, од ВМРО-ДПМНЕ беше објавено и испратено до медиумите соопштение во кое се вели “Без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе носеа маски на отворено и кога се сами“. Ваквата дезинформација освен што штети по здравјето на граѓаните, може да ги чини и казна од 20 евра колку што е предвидено со законот.

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ освен што известија дека ќе прават кворум и беа присутни физички, можеби не ја следеле дискусијата или пак не го прочитале текстот во законот останува нејасно.

Мицкоски се “збуни” со протоколите и кога се криеше по кафеани во Дебар Маало

Во кафеана во Дебар Маало во Скопје, на 3ти Јуни два ипол часа не биле пуштени инспектори од Пазарниот инспекторат, кои се посомневале дека во внатрешноста на локалот има гости. Додека инспекторите чекале 2,5 часа сопственикот да ги пушти внатре, забележале како внатрешноста на кафеаната ја напушта Христијан Мицкоски.

По притисокот од јавноста Мицкоски призна дека седел во затворениот дел на ресторан во скопско Дебар Маало каде на Пазарната инспекција не и беше дозволено да изврши увид.

„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...