Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Конечно ДИНО МЕРЛИН со нова песна после 6 години пауза

Дино Мерлин по повеќе од 6 години ја објавува темата со наслов „Ми“ („Ние“), од претстојниот нов албум, 12 по ред после „Хотел Национал“ од 2014 година.  

– „Ми“ е песна за нас во светот кој се менува и нас кои се менуваме заедно со светот, го сакале тоа или не. Дали тоа ќе биде промена на подобро не зависи само од светот, туку и од нас, рекол Дино и додал: – Во ова време на пандемија уште еднаш гледаме како сме упатени едни на други, како зависиме едни од други, како сме заедно во ова и како само заедно можеме да ја преживееме ова неволја која ни се случи и како повеќе од кога и да било би требало да сме „НИЕ“.

Планот бил песната да излезе во пролетта оваа година, но заради пандемијата се било одложено за некои подобри времиња.

– Со оглед на тоа дека подобрите времиња бавно доаѓаат, животот оди понатаму, а пандемијата, се чини, нема намера брзо да замине, животот и „ние“ мораме понатаму. Животот не не чека нас, па ниту „Ние“ нема да го чекаме, туку треба да живееме и работиме, рекол Дино и додал дека една од пораките на песната е дека не смееме да го губиме оптимизмот, вербата и надежта иако времето не е најсреќно, како и дека треба да си покажеме дека од лошите времиња можеме да излеземе како подобри и поблагородни луѓе.  

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...