Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Голема трагедија во Велес: Автобус удри 38-годишна жена во близина на трговски центар

Триесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автобус. Несреќата се случила утрово во 7 часот на улица „Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес.

Автобусот со велешки регистарски ознаки, кој удрил во 38-годишната Н.Р. бил управуван од 59-годишниот  Т.Р..

Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Полицијата извршила увид на местото на незгодата.

Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска-Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредената имала отворена скршеница на десна подлактица и и била укажана медицинска помош, а поради тежината на повредата со возило на Итна помош била препратена на понатамошно лекување во скопските клиники.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...