10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Владата со општ протокол за сите спортови: ПЦР-тест, 72 часа пред секој меч, трошокот е на клубовите

На 16-та седница, Владата на Р.М. ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и го одобри Општиот протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија со КОВИД-19, со цел спречување на ширење на коронавирусот помеѓу спортисти, спортски работници, службени лица и сите останати лица вклучени во одигрување и организација на натпреварите.

СПОРТМЕДИА побара објаснување од Владата што значи овој протокол. Според него сите клубовите од сите спортови се должни 72 часа пред секој меч да направат ПЦР тест и истиот да биде на товар на тимот. Забранта на за публика останува, како и оние пакет мерки кои претходно беа донесени.

Во продолжение ви го пренесуваме целосното објаснување од страна на Владата на Р.М:

„Новиот протокол за организрање на спортски натпревари што беше усвоен од страна на Владата, се однесува на сите спортови. Со Протоколот се донесени пакет мерки со цел спречување на ширење на корона вирусот помеѓу спортисти и спортски работници вклучени во одигрување и организација на натпреварите. Протоколот предвидува во спортскиот објект сите играчи и службени лица задолжително да носат заштитна маска, освен играчите на терен. Се збранува е меѓусебно ракување пред почеток и по завршување на натпреварот помеѓу играчите и судиите. Дезинфекција на реквизитите и бришење на паркетот, а на клупата за резервни играчи да се одржува препорачаното физичко растојание, со задолжително  носење на заштитни маски. Апарати за дезинфициенси за раце задолжително да бидат поставени на повеќе места, при влезот во објектот, во тунелите како и околу теренот.Натпреварите се организираат без присуство на публика. Ќе се мери на телесна температура пред влез во објектот. Прес конференции да се одржуваат само виртуелно, додека пак собата за прес  и mixed зоната ќе да бидат затворени. На натпреварите ќе можат да бидат присутни само играчи, стручен штаб, судии,  делегат и контролор на судење, бришачи на паркет, медицински персонал, редарска служба, претставници на менаџмент на клубовите, новинари, фотографи, камермани, претставници на анти допинг агенција, претставници/делегат на соодветна спортска федерација. Бројот на лицата во сите зони потребно е да се сведе на апсолутен минимум.Според усвоениот Протокол, медицинскиот персонал на секој клуб е должен да води евиденција и да ја следи здравствената состојба на своите играчи и на  стручниот штаб непосредно пред секој натпревар. Спортските клубови се обврзани задолжително да спроведат ПЦР тестирање на играчите и тренерите 72 часа пред почеток на секој натпревар, од сопствени средства на клубот, со цел откривање на асимптоматски инфицираните лица. При појава на позитивен  ПЦР резултат кај член на спортскиот клуб, менаџментот на спортскиот клуб треба веднаш веднаш да го отстрани и изолира позитивното лице од учество во сите спортски активности и да ја извести епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје и до истата да  достави список на сите членови на спортскиот клуб“, ни одговорија од Владата.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести