Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

8 кандидати за жешкото столче: Тргнува битката за претседателското место во Барселона

По оставката на Хосеп Марија Бартомеу на претседателското место во Барселона, веќе тргна изборната трка за неговото место во каталонскиот гигант. Изборите се уште не се распишани, нешто што управниот одбор мора да го стори во рок од три месеци, но имињата кои ќе тргнат во битка за едно од најпосакуваните управувачки места во спортот во овој дел од Европа почна.

Како што објави весникот „Марка“, во моментов има пет лица кои веќе ја објавија својата намера да се појават како кандидати за претседателското столче. Тоа се: Фонт, Фреикса, Бенедито, Фаре и Фернандез. Покрај нив има уште тројца кои имаат намера да го сторат тоа наскоро: Лапорта, Вилахоана и Русо. Весникот тврди дека не може да се исклучи уште некое ново име кое би се појавил со појавата и на изборите.

Засега како фаворити се споменуваат имињата на Виктор Фонт и Агусти Бенедито. Фонт беше првиот кој ја објави својата намера да се бори со бартомеу. Тој размислуваше да го стори тоа и во 2015 година, но тогаш неговиот проект не беше доволно консолидиран за да оди на избори. Фонт ги подготвува овие избори веќе подолго време. Тој се состана со многу навивачи на Барса на целата територија на Каталонија и одигра важна улога на последното собрание на делегати на кое го презентираше електронскиот. Фонт ќе настапи со Чави Хернандез рака под рака, што е дел од неговиот проект од самиот почеток. Неговата идеја е радикална промена во формата на приходите на клубот бидејќи смета дека сегашниот модел е исцрпен.

За разлика од него, Бенедито беше кандидат за претседател на Барса и на последните два избори. Тој има намера да се пријави, но сè уште не ја активирал својата кандидатура. Има искуство и полесно ќе ги собере потребните потписи.

sportmedia.mk

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...