14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ФИЛИПЧЕ: Од почетокот ги пријавуваме сите смртни случаи

Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите смртни случаи. Кај нас се случува да се земе брис, да биде пациент дојден за друга здравствена услуга во тешка здравствена состојба која нема врска со Ковид-19, да почине многу брзо во болницата заради некаква форма на инфаркт, мозочен или срцев или некоја друга здравствена состојба, а дури после брисот да покаже дека бил носител на вирусот. Ние го пријавуваме и тој пациент. Значи ние не бегаме, ниту нешто сме сокриле од сите тие пациенти кои биле дијагностицирани.

Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма. Посочи дека близу 80 проценти од починатите од Ковид-19 имаат сериозни коморбидитети, најмалку две хронични болести кои сериозно ја влошиле состојбата и со белите дробови, и со крвта и со другите органи и органски системи, да едноставно немало што да се направи.

Има пациенти, потенцира министерот, кои доаѓаат со сатурација, врзување на кислород 20, 30 и многу брзо стасуваат до респиратор.

– Вирусот дефинитивно повеќе и во потешка форма се манифестира кај пациентите кои имале претходна болест. Кај нас голем број од населението дури и на своја рака зема лекови за зголемен крвен притисок, има такви рецептори на кои се врзува вирусот и потешко ја манифестира болеста. Факт е дека пациентите кои имаат хронична болест имаат потешка форма на болеста, истакна Филипче.

Тој појасни дека сите чекори се преземени најризичните групи да бидат заштитени.

– Сега има мерка која точно е димензионирана да секој кој треба да биде дома и биде заштитен, да има механизам, прво лесно да стигне до тоа мислење, до таа препорака да не треба да патува често, електронскиот рецепт му овозможи директно да оди во аптека. Ние ги преземавме апсолутно сите чекори навремено, рече Филипче.

Апелираше приватните лаборатории да ги намалат цените на тестирањата за Ковид-19.

– Во оваа криза сметам дека не треба профит да гледаат. Нека излезат во пресрет и нека ги намалат цените на тестирањето. Соочени со овој голем притисок освен ова зголемување на нашите капацитети од близу 400 тестови ќе ја следиме ситуацијата и оваа недела и ако навистина се уште продолжи овој тренд, не повеќе од петок, сабота, тогаш дефинитивно Фондот ќе склучи договор и со дел од приватните лаборатории по таа референтна цена, едноставно да се зголеми бројот на термини и да се скрати времето на чекање, додаде Филипче. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести