Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Претседалски избори во САД: Над 40% нема да ја признаат победата на противникот!

Повеќе од 40 проценти од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден нема да ги признаат резултатите од изборите на 3 ноември, доколку нивниот кандидат загуби, покажува анкетата на новинската агенција Ројтерс и агенцијата за анкети Ипсос.

Анкетата спроведена од 13 до 20 октомври покажува дека 43 проценти од приврзаниците на Бајден нема да ја прифатат победата на Трамп, додека 41 процент од Американците кои сакаат реизбор на Трамп нема да ја прифатат победата на Бајден.

Мал број, 22 проценти од приврзаниците на Бајден, или 16 проценти од поддржувачите на Трамп, изјавија дека ќе преземат активности, улични протести, па дури и прибегнуваат кон насилство, со цел да го искажат своето незадоволство, доколку нивниот кандидат загуби.

Ројтерс наведува дека американските официјални лица задолжени за спроведување на изборите се соочуваат со низа предизвици оваа година, имајќи ја предвид зголемената недоверба на јавноста кон изборните резултати.
Агенцијата потсетува и дека највисоките претставници од безбедносниот сектор на САД минатата недела предупредија дека Русија и Иран го напаѓаат американскиот изборен систем со цел да ги поткопаат изборите.

Трамп исто така постојано ја доведува во прашање неутралноста на изборите, тврдејќи дека тие се „наместени“ против него и дека зголемената можност за гласање по пошта ја зголемува веројатноста за изборни измами.

Тој дури одби да се посвети на мирно предавање на власта ако пребројувањето на гласовите укаже дека загубил.
Политичкиот аналитичар на универзитетот Колумбија, Доналд Грин, предупредува дека ако разликата во бројот на гласови е тесна, или ако некој од кандидатите изнесе убедливи докази што укажуваат на изборна измама, тоа може да предизвика многу пошироко незадоволство и протести во јавноста отколку што покажуваат резултатите од анкетите.

Затоа, тој посочува дека затоа многу противници на Трамп се надеваат и посакуваат убедлива победа на Бајден, за да не бидат убедливи обвинувањата за измама.

Најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажува дека на национално ниво, Бајден води во однос на Трамп со осум проценки, 51:43 проценти.

Анкетата вклучува 2.649 испитаници, вклучувајќи 1.039 приврзаници на Трамп и 1.153 Бајден.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...