Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Зборот на Мицкоски со ограничен рок на употреба

ВМРО-ДПМНЕ нема да обезбедува кворум на власта

„Ние како опозиција ќе бидеме присутни, ќе дејствуваме во рамки на парламентот, институционално, но во никој случај да не се потпираат на обезбедување кворум и да не ја обвинуваат опозицијата за нефункционирањето на институциите“,рече Мицевски на 14 септември во гостувањето во вестите на Сител телевизија, оценувајќи дека мнозинството од 62 пратеници е многу мало за одржување на редовното функционирање на законодавниот дом.

Дадениот збор пред јавноста траеше кратко, за на 22 октомври, координаторот на пратеничката група да изјави:

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки, изјави Мицевски.

МИЦКОСКИ: Ќе поднесам оставка ако ги загубам изборите и ако не успеам да составам Влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за макфакс во Октомври 2019 звучеше убедено дека ќе победи на предвремените парламентарни избори и изјави дека доколку во било кој случај загуби, или доколку не успее да состави влада ќе си поднесе оставка.

“Ќе понесам одговорност доколку тие избори бидат фер, транспарентни, да, ќе понесам одговорност и ќе поднесам оставка. И не само тоа. Ќе одам и чекор понатаму. Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност“, рече Мицкоски.

После изборниот резултат на Мицкоски му беа потребни неколку денови за да се појави во јавноста, за конечно да соопшти дека “математички прецизно” доколку се одземат пратениците на БЕСА од коалицијата на СДСМ на изборите победник е ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ на овие избори го победи СДСМ. бидејќи коалицијата што ја предводиме има за десетина илјади гласови помалку од коалицијата СДСМ – Беса. Така што кредибилитетот и легитимитетот за составување влада го има ВМРО  – ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.

Протести секој ден, се додека не се турне власта

ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на септември го оддржа првиот протест против поскапувањето на струјата на кој беа испратени пораки дека на улица ќе се остане додека не падне оваа власт.

Ова ветување не издржа ниту неколку часа, па ВМРО-ДПМНЕ наредниот протест го закажа неколку дена покасно. По слабата посетеност, Мицкоски смени стратегија па започна протести со автомобили. Повторно протест на Мицкоски наиде на потсмев кај граѓаните кога на луксузни автомобили беа ставени пароли “сиромашен народ, богата влада”, “Заев полни џеб, народ нема за леб”.

Неколку дена подоцна Мицкоски се обиде да игра и на патриотска карта, па закажа протест за одбрана на Гоце Делчев. За иронијата да биде поголема на протестот Мицкоски подели знамиња од Европска Унија, а ново избраниот претседател на патриотски институт Александар Пандов, возбуден од ново добиената функција пред насобраните почна да пее “Наше ќе биде и солунско поле..”. После овој блам кој наиде на потсмев од медиумите и кај граѓаните на социјалните мрежи Мицкоски повторно се врати на протести против поскапувањето на струјата.

Стратегијата со протестите не вродува никаков плод, па освен промашените теми, членовите на ВМРО-ДПМНЕ не се заинтересирани за масовна поддршка на било каков протест организиран од Мицкоски.

најчитани вести

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...

Македонија

Доцна синоќа некаде околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Б.(46) од...