Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Еве што им стана НАЈНЕБИТНО на жените од почетокот на пандемијата со корона вирус

Корона вирусот погодува и таму каде што најмалку би се надевале сите, па така и најновото истражување на компанијата „Нилсен“, глобална фирма за испитување на јавното мислење, покажува дека заради мерките за ограничување во време на пандемијата драстично опаднало купување козметички производи, пред се, шминки. 

Продажбата на кармини опаднала за 24 отсто на светско ниво, а продажбата на шминка за очи е намалена за 10 проценти.

Оваа разлика може да се објасни и со фактот дека под заштитната маска карминот може да направи само штета, да се размачка по лицето и да ја извалка маската, а усните и онака не се гледаат. За козметиката за разубавување, како и за повеќето од нас, најлоши беа месеците на тотален карантин. 

Од јануари до јуни годинава продажбата на кармини е намалена за цели 60 отсто, а во исто време се продавале скоро 30 отсто помалку и шминки за очи во споредба со истото време минатата година. 

Овие податоци ги потврдува и истражувањето кое во изминатите два месеца го спровела италијанската национална асоцијација на произведувачи на козметика. Истражувањето, имено, укажува дека италијанските производители на козметика заради намалениот извоз ќе загубат 15 отсто од приходите во однос на минатата година. Овие проценти пресметани во евра покажуваат десетина стотици милиони губиток. 

Ова покажува оти е јасно дека на жените затворени во домовите заради карантинот не им било важно со помош на козметичките препарати да си се направат себеси, а и за другите поубави. 

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Оние кои се опоравуваат од вирусот барем 30 дена мора да се чуваат од голем напор, вели др.Ристиќ. Пациенти кои прележале корона вирус не...