Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Во Јапонија возот каснел 20 секунди – КОМПАНИЈАТА ЈАВНО СЕ ИЗВИНИ!

Јапонска компанија која обезбедува услуги за железнички транспорт поради тоа што возот тргнал 20 секунди порано од наведеното време издаде јавно извинување до патниците.

Во Јапонија, земја со најсигурна железница во светот, ретко се случува да има задоцнување или порано доаѓање на возот, па затоа овој настан предизвика големо внимание.

Управата на  Цукуба експрес, чии возови сообраќаат меѓу Токио и Цукуба, испрати искрено извинување за предизвикана непријатност.

Раководството на компанијата наведува дека вработените не го провериле распоредот доволно добро, односно времето на поаѓање на возот, па се случила „кардинална“ грешка.

Во соопштението се наведува дека возот требало да замине во 9:44:40 часот по локално време, а тој заминал во 9:44:20 часот.

Иако никој од патниците не се пожалил, управата на компанијата се смета себеси за одговорна и должна да им се извини на патниците за пораното поаѓање на возот од станицата. Оваа линија превезува патници од Токио до Цукуба за 45 минути.

Корисниците на социјалните мрежи се изненадени од извинувањето на компанијата.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...