Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија

Соопштение за јавност од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик.

Заев спрема Декларација на договорот со Бугарија, за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања со Бугарија, и дека истиот ја гарантирал европската иднина на државата. Сега гледаме дека Зоран Заев ги лажел граѓаните. Договорот кој го потпишал ниту е финален, ниту ја гарантира европската иднина на државата.

Зоран Заев целиот мандат го помина во потпишување на некакви договори, а земјата тапка во место.

Зоран Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија.

Зоран Заев молчи и по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари.

Зоран Заев како премиер ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара.

Зоран Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и македонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...