5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мицкоски реагираше за поткуп на медиуми, Алфа се финансира со владини милиони

На дел од новинарите на Алфа веќе им се исплатени заостанатите плати, но од каде раководството обезбедило средства и дали оваа информација е целосно точна, за жал немаме потврда.
Зоран Заев ја помага ТВ Алфа која го брани Христијан Мицкоски и ја критикува владата, а Мицкоски преку ТВ Алфа го напаѓа Заев за поткуп на медиуми. Анегдотата „ние божем ги напаѓаме, а тие божем се бранат“ се чини дека најдобро го отсликува односот на Мицкоски кон првиот човек на владата. Додека првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги осудуваше владините мерки за субвенционирање на медиумите како поткуп и расфрлање со народни пари, ТВ Алфа која важи за исклучително блиска со опозицијата, гледала навреме да аплицира за владината помош уште пред да заврши настапот на Мицкоски.
Според јавно објавените информации, само за три месеци како субвенции ТВ Алфа добила приближно 4 милиони денари за три месеци. Одговорните во телевизијата аплицирале уште на првиот повик објавен од Управата за јавни приходи, а потоа ги користеле владините КОВИД мерки и за Јуни и Јули. Сите три месеци, менаџментот на Алфа повлекувал по околу 1,3 милиони денари на месечно ниво, што е јасно видливо и од отворено објавените податоци.

Веќе информиравме дека ТВ Алфа од државниот буџет има добиено и преку 6,6 милиони денари само по основ на платени реклами за просторот кој во телевизијата го закупил Мицкоски како претседател на републичкиот изборен штаб.

Медиа.мк пишуваше за проблемите со финансирањето на ТВ Алфа и потфрлувањето на Мицкоски во обидот да ја одржи во моментов единствената опозициска телевизија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести