14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Меланија Трамп има двојничка!?

Различни фотографии од Меланија Трамп со нејзиниот сопруг Доналд Трамп, поттикнаа теории на социјалните мрежи дека првата дама на САД има двојник.

Теориите дека Белата куќа го користи двојникот на Меланија Трамп со години се шират на социјалните мрежи, пренесува РТ.

Сега се загреваат по неколку фотографии од Меланија Трамп во нешто поразлично издание. Денес е направена последната фотографија, на која се гледа насмеана Меланија Трамп со американскиот претседател.

Ова е особено сомнително за корисниците на социјалните мрежи, бидејќи сметаат дека таа никогаш не се смеела на досега направените фотографии.

Сепак, некои ги искористија тие теории за да се нашалат, изјавувајќи дека „двојничката“ на Меланија Трамп личи на покојниот актер Дик Сарџент, додека други тврдат дека ја играл комичарот Саша Барон Коен.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести