Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Таинствен остров за оргии во Италија

Смарагдно зелена вода, густи шуми и стрмни карпи се единствените работи што на прв поглед го кријат островот Заноне во Италија. Сепак, ова навидум напуштено парче земја среде морето, всушност крие мрачни тајни – оргии и криминал што го запрепастиле светот.

  • Ја гледате ли таа бела колонијална вила горе? Таму, маркизот од Касати Стампа правел сексуални забави, изјави Џорџо Ањело, рибар и водич, за CNN.

Имено, тој превезувал туристи на овој остров, кој е дел од понтинскиот архипелаг. И не само исклучителната природа ги привлекуваше луѓето, туку и мрачното минато, што се однесува на маркизот Камила Касати Стампа и неговата сопруга Ана Фаларино, поранешна актерка.

  • Тој беше безобразен човек, воајер кој сакаше да ја гледа и фотографира својата жена старлета додека таа имала секс со помлади мажи, вели Ањело.

Но, тоа не е сè, нивната приказна е далеку потемна.

Во 60-тите години од минатиот век, островот Заноне, што всушност значи „голем заб“, беше тајно одморалиште што Маркизот и неговата сопруга ги изнајмија од државата. Таму уживаа во вилата што беше изградена на остатоците од стариот манастир.

  • Благородникот идеше на лов, додека неговата убава жена убиваше време правејќи секакви работи, вели Ањело.

Наводно обожавала да плива гола во базен и да се забавува на плажа со други мажи. Исто така, егзотичноста на овој остров беше совршена позадина за провокативните фотографии на кои Ана позираше гола за својот сопруг.

Покрај тоа, бидејќи островот е изолиран од остатокот од светот, тој беше совршен за забави под маски. И, тие често завршуваа со сцени како оние во „Широко затворени очи“ на Стенли Кјубрик.

Се вели дека таму се користел алкохол во неверојатни количини, а се шпекулирало дека во вилата има скриена просторија со огледала од кои гостите можеле да шпионираат оргии.

Многу жители на соседниот остров Понка сè уште се сеќаваат на скандалозната двојка.

  • Сите знаевме што се случува таму. Разговаравме за Заноне како остров на сексуални забави, рече туристичкиот водич Рикардо Песи.

А, кој знае колку долго ќе било така ако еден ден развратните забави не излегле од контрола, а еротските игри се претворија во крваво злосторство.

Приказната вели дека Ана Фаларино се заљубила во еден од нејзините многу млади љубовници и дека нејзиниот сопруг веќе не бил толку толерантен. Потоа, во ефект на љубомора и бес, Маркизот ги убил Ана и нејзиниот oљубовник, а потоа се застрелал во главата во нивната куќа во Рим на 30.08.1970 година.

Во потрага по детали, италијанските таблоиди го открија тајниот дневник на Маркизот во кој тој детално ги опиша љубовните авантури на неговата сопруга, а исто така пронајдоа околу 1.500 фотографии на кои Ана е гола.

Денес, островот Заноне е пуст, на него речиси и да нема трага од цивилизацијата. Остана само еден светилник и една стара вила што ја користеле многу благородни семејства одамна.

Само биолози, научници и набудувачи на птици денес се дозволени таму, за кратко време, бидејќи само повремено им е дозволено да ја поминат ноќта во шатори. Така, пред короната, со секое зајдисонце, туристите се враќаа со брод од овој забранет остров, до кој можеше да се стигне само преку соседниот Понсе.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...