Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Бројот на заразени и починати во нагорна линија – Скопје, Тетово и Струмица најкритични во моментов (ДЕТАЛИ ПО ОПШТИНИ)

Последниот, вчерашен корона-биланс е 247 нови случаи, 321 оздравен пациент и 15 починати. Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести  денеска се пред пратениците, се во насока на спречување на ширењето на коронавирусот без воведување ригорозни мерки како што е полициски час, за кој против е и министерот Филипче.

-Сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат мерките за заштита и оние мерки кои ќе бидат изгласани во Парламентот. Генерално препораката е да се избегнува воведување полициски час. И на состанокот кој го имавме преку Берлинскиот процес со сите земји во регионот, беше порачано да нема такво ограничување. А пакет мерки кои можат да имитираат полициски час се речиси секаде во сила, рече  Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 11592, активни 3490

• Куманово 2128, активни 322

• Дебар 321, активни 56

• Штип 1560, активни 204

• Прилеп 1110, активни 324

• Тетово 1932, активни 406

• Струга 785, активни 82

• Велес 514, активни 155

• Битола 550, активни 187

• Охрид 615, активни 170

• Кавадарци 431, активни 172

• Гостивар 1115, активни 150

• Гевгелија 332, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 742, активни 424

• Крива Паланка 207, активни 72

• Радовиш 203, активни 76

• Крушево 22, активни 2

• Кочани 648, активни 203

• Пробиштип 164, активни 32

• Демир Хисар 73, активни 11

• Македонски Брод 101, активни 5

• Пехчево 57, активни 9

• Берово 192, активни 53

• Валандово 92, активни 35

• Виница 163, активни 59

• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 37, активни 11

• Свети Николе 452, активни 66

• Кичево 487, активни 124

• Ресен 226, активни 55

• Неготино 121, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје се следните:

• Чаир – 171

• Гази Баба – 437

• Аеродром – 675

• Карпош – 528

• Центар – 508

• Кисела Вода – 413

• Ѓорче Петров – 287

• Бутел – 157

• Шуто Оризари – 28

• Студеничани – 9

• Сарај – 23

• Арачиново – 10

• Илинден – 60

• Сопиште – 31

• Чучер Сандево – 15

• Петровец –21

• Зелениково – 9

• Странец – 22

• Нераспределен- 86

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...