Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Почина принцот од Брунеи, беше познат по организирањето екстравагантни забави со најпознатите фаци

Принцот Азим, син на султанот од Брунеи, починал на 38-годишна возраст, потврди владата на таа земја.

Азим, кој бил четврти во редот за државниот трон во Југоисточноазиската земја, си создаде репутација во Холивуд како филмски продуцент, починал во саботата наутро.

Владата не ги открива причините за неговата смрт.

Втор роден син на султанот бил познат по тоа што организирал екстравагантни забави со славни гости, вклучувајќи ги Памела Андерсон, Џенет Џексон и Мараја Кери.

Тој продуцирал голем број филмови, вклучително и играниот филм „Не си ти“ во 2014 година со Хилари Свонк, градејќи кариера во филмската индустрија и покрај меѓународниот гнев кон неговиот татко поради драконските казни и закони во Брунеи.

Азим бил погребан во саботата, а нацијата почна седумдневна жалост, пренесува Си-Ен-Ен.

Лидерите на неколку соседни држави изразиле сочувство до султанот

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...