Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НЕ Е ВЕСТЕРН ФИЛМ: Еве како Американците на коњи појдоа да гласаат (ВИДЕО)

Изборната треска веќе ги тресе Соединетите американски држави, а светот со нетрпение го чека 3 ноември за да открие дали Доналд Трамп ќе биде претседател на земјата повторно и во следните четири години или неговиот противник Џо Бајден ќе го замени на таа позиција.

Голем број граѓани излегоа на гласачките места порано да гласаат, а на некои места луѓето чекаа во ред 10 часа за да ја исполнат својата граѓанска должност.

Сепак, сцената од Невада привлече големо внимание од корисниците на социјалните мрежи. Имено, видеото што се појави покажува како гласачите доаѓаат на гласање на начин што го среќававме во старите вестерн филмови – со јавање на коњи.

Исто така, треба да се напомене дека на првиот ден од предвременото гласање на претседателските избори во Њујорк беа формирани долги редови каде што граѓаните чекаа со часови да гласаат.

Илјадници жители на Њујорк притрчаа на гласање, а многумина велат дека излегле надвор затоа што стравуваат дека нивниот глас може да не се смета ако гласаат по пошта.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...