Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Во 1939 пред нацистите го напуштила станот! по 70 години го отклучиле станот, а кога влегле имале што да видат вистинско БОГАТСТВОТО !!!

Еден стан во Париз останал заклучен од 1939 година, а 70 години подоцна аукционер го отворил и во него открил уметнички дела кои вредат милиони. Французинката Мадам де Флориан го напуштила својот стан во Париз во 1939 кога имала само 23 години. Бил почеток на Втората светска војна и по се изгледа Де Флориан добила информација дека германските трупи се приближуваат до Париз. 

За да се спаси, го заклучила станот и со уште некои свои сограѓани заминала на југот во помирна зона. Никогаш не успеала да се врати во својот стан. Сепак, продолжила да ја плаќа рентата до крајот на својот живот, а починала на 91 година. 

Кога умрела нејзините роднини и наследници дознале за станот во Париз, најмиле аукционер да го забележи сиот инвентар во него. 

Аукционерот кога ја отворил вратата останал без зборови. Станот бил слика и прилика на периодот пред Втората светска војна. Она што било уште поважно е дека внатре имало мошне вредни предмети. Сликите биле симнати од ѕидовите, подготвени за транспорт, но очигледно сопственичката немала доволно време. Имало четки, шминки и шишенца со парфеми. Во аголот од собата нашле и оригинални кукли, како онаа на Мики Маус. 

Сите предмети го рефлектирале времето пред Втората светска војна. Можеби најинтересно откритие било сликата на преубава жена во розов фустан. Со понатамошно истражување било откриено дека тоа е Марта де Флориан, бабата на сопственичката на станот. Таа била мошне позната актерка, која живеела луксузен живот. Во почетокот уметникот бил непознат, но подоцна откритието им помогнало на истражувачите да заклучат дека сликата ја нацртал Џовани Болдини, италијански сликар.

Во станот била најдена и колекција на љубовни писма, а сите биле од потенцијални додворувачи, вклучитечно и премиери и претседатели. Понатамошни докази покажале дека Марта и Џовани всушност биле љубовници. Портретот бил завршен во 1888 година, кога таа имала 24 години. Сликата откако била пронајдена во напуштениот стан била продадена за 2,1 милион евра. Тоа е највредното дело на Џовани. 

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...