Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

АНА И ДЕСЕТ МИНИСТЕРКИ: Овие жени ќе владеат со Србија во наредните 4 години !

Од 21 министерство, повеќе од половина ќе припаднат на жени. Аналитичарите оценуваа дека владата во овој состав, иако би требало владата да трае годинаипол, ќе биде вистинско освежување.

Новата влада ќе има нешто повеќе од 50 отсто жени – со мандаторката Ана Брнабиќ, во Немања 11 влегуваат уште 10 дами.

Министерки во новата влада се: Зорана Михаловиќ, која останува во секторот за градежништво и енергетика, како и Јадранка Јоксимовиќ која би можела да дојде на чело на Министерствот за правда.

Нови лица

Во Немања 11 влегува Ирена Вујовиќ, како министерка за животна средина, Гордана Чомиќ, бивша пратеничка од ДС, можен кандидат за министерка за родова рамноправност и општествен дијалог, Марија Обрадовиќ, пратеник од СНС , но и понатаму под знак прашање на чело кај ресорот на кој треба да биде.

Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, член на кризниот штаб, спрема некои информации би била на чело на Министерство за труд или Министерство за просвета, додека секторот за правда би можела да го преземе Маја Поповиќ. Маја Гојковиќ е нов министер за култура, додека Министерство за трговија ќе го преземе Татјана Матиќ.

Рамноправност

СНС ќе одржи седница на Претседателство, каде што после четири месеци од изборите, ќе бидат познати имињата на сите министри.

Голем број на дами во Владата, спрема зборовите на политичките аналитичари е вистинско освежување, со правична родова застапеност.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...