Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Можеби спиевте подолго синоќа, но НЕМОЈТЕ ДА МИСЛИТЕ ДЕКА ТОА НЕМА ДА ИМА ПОСЛЕДИЦИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Од следната година, веќе нема да треба да ги поместуваме сказалките – која опција вие ја сакате?
Утрово сите спиевме еден час подолго. Стрелките на часовниците во три часот беа вратени на два, па многумина ќе речат дека овој 25 октомври ќе трае, условно кажано, 25 часа. Но, од следната година, повеќе нема да треба да ги поместуваме сказалките за да преминеме на летно сметање на времето.

Во онлајн анкетите, со години се гласаше дали часовниците треба да се поместуваат секоја пролет еден час напред и секоја есен еден час наназад, а резултатите се претежно исти; во просек, околу 84 проценти од анкетираните граѓани на Европската унија (ЕУ) сметаат дека поместувањето на часовникот е непотребно.

Имено, на 4 март минатата година, Европскиот парламент изгласа укинување на смената на часовникот од 2021 година, така што сите земји на ЕУ ќе треба да изберат летно или зимско сметање на времето.

Србија подготви нов закон за сметање на времето со кој ќе се обезбеди усогласување на часовниците со европското опкружување – во превод, како што одлучи ЕУ, така ќе стори и Србија, а веројатно и другите земји од регионот кои сè уште не се во ЕУ.

„Топката“ сега е кај земјите-членки на ЕУ, кои мораат да одлучат дали трајно да го задржат летното или зимското време. Но, се чини дека таа конечна одлука не е на повидок

Како започна сето ова?

Зимското време, кое е „на сила“ од денес, е всушност стандардно, додека привремената транзиција кон летно сметање на времето е воведена во 1916 година во Германија и во земјите кои биле нејзини сојузници во Првата светска војна.

Србија започна да го користи летното сметање на времето на 27 март 1983 година, а веднаш потоа Италија, Русија, Франција, Велика Британија и Австралија се префрлија на летно сметање на времето. Во земјите на ЕУ, времето беше стандардизирано пред две и пол децении.

Зошто поместувањето на часовникот не е добро за нашето здравје?

Иако утрово спиевме еден час подолго, тоа не е добро за нашето здравје на долг рок. Главоболката и несоницата се два проблеми со кои можеме да се соочиме денес, а во следниот период, поместувањето на часовникот може негативно да влијае на кардиоваскуларниот систем, расположението и нивото на енергија.
Исто така, фактот дека ќе ја напуштиме работата во време кога сонцето заоѓа, ни оневозможува да се снабдуваме со витамин Д од природен извор, што за време на пандемија на коронарен вирус може да биде само уште еден удар врз нашиот имунитет.

Според резултатите од научните истражувања, нашето тело никогаш не успева да се навикне на менување на часовникот затоа што е вештачко, а последицата е постојан скок на кортизол, или хормонот на стресот.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...