Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

КУРЦ НАЈАВУВА: Наскоро и по 6000 заболени на ден

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предупреди дека Австрија наскоро може да се соочи со 6.000 новоинфицирани луѓе на ден, што може значително да ја промени ситуацијата во болниците.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“, Курц изјави дека ситуацијата во Австрија се влошила, дека другите земји веќе имаат мерки за ограничувања и дека Австрија во моментов се обидува да оди по „средниот“ пат.

Истакнувајќи дека многу граѓани ја набудуваат моменталната работа на болниците и велат дека илјадници легла се уште се слободни, канцеларот вели дека проблем е силниот раст на бројот на заразени.

Времето на удвојување беше три недели, а сега е намалено на максимум две недели. Во моментов имаме 3.000 нови инфекции на ден, а наскоро може да имаме и 6.000, а потоа ситуацијата во болниците би изгледала сосема поинаква – објасни Курц.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...