8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Вечерва спектакл кој долго го чекавме: Хабиб VS Гејџи – битка на годината!

Борба која долго ја чекавме, битка на годината, спектакл. Како сакате можете да го наречете големиот дуел во ММА вечерва во Абу Даби меѓу Хабиб Нурмагомедов, непобедливиот светски првак во лесна категорија и Џастин Гејџи. И двацата се непоразени, Дагестанецот има 28 борби и исто толку победи досега во својата кариера. Од друга страна тука е привремениот носител на појасот кој има 22 победи, две ремија и исто така нема пораз.

Ова според сите мерила, предвидувања и очекувања ќе биде спектакл, голема битка меѓу двата шампиони. Ова ќе биде и борба на два различни стила, а дека публиката, која ќе биде само покрај ТВ екраните, ќе ужива, тоа е повеќе од јасно.

За тоа кој има поголеми шанси, можеби Хабиб е во мала предност, но прашање е дали големата пауза, проблемите во семејството и загубата на неговиот татко и тренер, ќе го поремети во неговата кариера, е тоа вечерва ќе го дознаеме.

“Ќе одам до крајни граници, сакам да направам да биде уморен, па потоа ќе го “угушам“. Тоа ми е планот, сакам по четврти пат да ја одбранам титулата. Ова беше тешка година за мене, сепак сакам да останам фокусиран на титулата. Пред четири месеци не знаев дека ќе се борам, дали воопшто ќе ја продолжам кариерата. Оваа борба за мене голема мотивација во смрта на мојот татко“ изјави Хабиб во пресрет на вечерашната борба.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести