Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПОЧИВАЈ ВО МИР, КРАЛУ НА РОМИТЕ (ВИДЕО ОМАЖ ЗА АМДИ БАЈРАМ)

Почина Амди Бајрам. Некрунисан, но Крал на Ромите, човек со големо срце, неверојатна харизма и персоналитет. Македонија загуби голем човек, неговото семејство и Ромите, загубија лидер, визионер, политичар кој 3 децении ги водеше и секогаш беше клучен фактор во многу турбулентни процеси за државата.

Во видеата кои следат, ќе слушнете како се идентификуваше како црнец, кока кола бренд, како го сметаше времето после 24, односно 02 часот, како непостојат гатачки, но него му предвиделе дека ќе биде успешен и богат бидејќи имал “ретки зуби“, за давање гол со пета и за 102,3%, но и дека ќе се активира на Фејсбук за лајкови. 

64 годишниот поранешен пратеник имал проблеми со срцето, но и дијабетис. Тој рано утрово итно бил префрлен во една приватна клиника но извори од таму тврдат дека кога пристигнал веќе бил починат па лекарите само констатирале смрт. Дали бил позитивен на КОВИД дополнително ќе се утврдува.

Амди Бајрам ќе остане запаметен како вистинска легенда на македонската политичка сцена на која како пратеник се задржа безмалку две децении.

Иако имаше завршено само средно образование успеа дури 7 пати да ја добие довербата на граѓаните и да биде нивни пратеник во македонското Собрание.
Се водеше од девизата, јас сум секогаш со власта.

И беше доследен на својата девиза. Во својата долга политичка кариера беше во коалиција со буквално сите лидери.

Почна во 94тата во коалицијата на Црвенковски. Во 98та го поддржа Љубчо Георгиевски а две години подоцна му ја спаси и владата кога не ја поддржа интерпелацијата на СДСМ постигнувајќи го познатиот гол со пета во мрежата на Црвенковски.

Во 2004 доби обвинение за кражба на платно од фабрика во Штип. Додека ја чекаше правосилноста на пресудата победи на локалните избори во 2005тата и стана градоначалник на Шуто Оризари но во кабинетот се задржа само еден месец бидејќи мораше да оди во затвор.

На слобода излезе по нешто повеќе од 3 години во 2008 кога почна неговата соработка со Груевски.

По изборите во 2016та првично најави дека ќе остане во опозиција но кратко потоа ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и најави соработка со Заев.  За себе не гледаше место на Титаник.

Себе си се сметаше за бренд, а во јавноста ќе се памети неговата легендарна изјава.

Ретко беше во конфликт со медиумите. Иако имаше и такви ситуации, новинарите ќе го паметат како ведар лик, брутално искрен и секогаш подготвен да застане пред камерите.

Последен пат медиумите го видоа на свадбата на неговата внука.

Некрунисаниот ромски крал во Македонија во последните неколку години имаше сериозни здравствени проблеми на кои до последниот ден не им дозволи да му застанат на патот на неговиот принцип дека животот се живее до последниот ден.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...