Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски дефакторизиран и во Штип – Захариев го откачил преку друг партиски функционер!

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести во Штип, а вчера и со колона возила лично тој се упати кон Штип, сакајќи да покаже колку се овие избори важни за него.

“Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие исполнето со грабежи од владејачката структура” – изјави Мицкоски пред присутните.

Четворица во игра, Захариев убедливо со најголем рејтинг помеѓу штипјани

Според локалната ТВ Стар, но и според извори на медиа.мк, четири имиња биле во игра за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, екс пратеникот Трајче Димков, пратеникот Иван Јорданов и екс градоначалникот Илчо Захариев.

На сите внатрепартиски анкети екс градоначалникот Илчо Захариев убедливо водел пред останатите кандидати, но според ТВ Стар тој бил ставен на анкетите без воопшто да биде консултиран.

“Правиме напори на граѓаните да им го понудиме најдоброто и ние во партијата сметаме на Захариев како можен кандидат, време има сеуште и ние од никого не се откажуваме” – изјавиле од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Захариев преку друг партиски функционер му пренел негативен одговор на Мицкоски

Илчо Захариев одлуката да не прифати кандидатура ја потврди преку ТВ Стар.
“ВМРО-ДПМНЕ ми направија чест сметајќи ме како приоритетен кандидат за градоначалник, но јас понудата не сум во состојба да ја прифатам. Имам други длабоко лично приоритети и посветен сум на нив”- изјавил Захариев.

Во ВМРО-ДПМНЕ останале збунети од одлуката на Захариев поради тоа што тој својата одлука ја соопштил на друг партиски функционер, а не на претседателот Мицкоски со кого предходно разговарале за можна кандидатура.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...