Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

КАРАКАЧАНОВ: Германија врши силен притисок да ја поддржиме Македонија

Бугарија се наоѓа под дипломатски притисок да ја поддржиме Северна Македонија, но ние сме суверена држава и имаме достоинство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија Нова.

„Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе нè притиснат и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме. Тие не притискаат, тоа е факт. Сепак, Бугарија има свое достоинство и е суверена држава. Ние сме под дипломатски притисок“, вели министерот за одбрана Каракачанов.

Тој посочи дека на прво место станува збор за земјата што моментално претседава со ЕУ.

„Германија е многу активна со аргументот дека ‘можете повторно да ги запрете’“, вели Каракачанов.

Во интервјуто да авторската емисија „Вози директно“, тој се осврнува на некои историски настани, за Гоце Делчев и обвинува за присвојување на историјата и непочитување на Договорот.

„Скопје не само што не се придржува кон Договорот за добрососедство и пријателство, туку дури смета дека нема обврска да го почитува. Во С Македонија тоа мораше да се сфати уште на 9 октомври минатата година Бугарскиот парламент гласаше за рамковниот став, во кој се порачува да се промени говорот на омраза, да се сменат учебниците по историја, географија и литература, во кои гледаме кражба на бугарска историја, негирање на бугарскиот идентитет на населението во Македонија, навредливи квалификации кон Бугарите“, рече Каракачанов.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...