Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка!

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија тоне во Ковид панедмијата, а Филипче мува не го лази. Нема одговорност иако за една недела имаме над 2000 заболени, повеќе отколку што истиот прогнозираше дека ќе имаме за време на целата пандемија.

Филипче нема кредибилитет. Го помина цело лето без да направи подготовки, не е инвестирано во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар, ниту пак во опрема.

Се уште нема вакцини за сезонски грип. Илјадници возрасни лица и лица со хронични болести се соочуваат со ризик. И за тоа е виновен Филипче.

Не беа направени соодветни протоколи за училиштата. Затоа имаме заболени ученици и наставници.

Не се заштитени ниту медицинските лица. Власта го фрли во хаос целиот систем.

Филипче нема стратегија. Со неговите погрешни политики кои беа протежирани и од Комисијата за заштита од заразни болести, како партиска испостава придонесоа во Македонија да нема прекин на пандемијата во летниот период, туку да имаме пандемија во континуитет од март досега. И секој ден е нов пик. За ова одговорност мора да има.

Филипче покажи доблест. Поднеси си оставка.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...