9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Пеле слави 80 години

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, а за многумина најдобриот, Бразилецот Пеле, денеска слави 80 години.

Иако сега веќе со сериозно нарушено здравје, фудбалската легенда и натаму не ја трга насмевката од своето лице и е заштитен знак на солидарноста, грижата и развојот на фудбалот низ целиот свет, особено во руралните, неразвиените средини.

„Добро се чувствиувам само што не можам да заиграм фудбал во моментов“ – на шега изјави Пеле од својот дом каде што се чува од пандемијата од корнавирус.

Тој е единствениот фудбалер во историјата кој има освоено три светски првенства, а ФИФА во 2000 година го прогласи за најдобар фудбалер на 20. век.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести