8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

На фудбалерот на Хофенхајм му кажале дека жена му се пораѓа и тој го напуштил мечот со Звезда

На натпреварот помеѓу Хофенхајм и Црвена Звезда во рамките на Лига Европа се случи несекојдневна ситуација.

На почетокот на второто полувреме многумина се зачудија кога видоа дека на теренот го нема еден од најдобрите фудбалери на Хофенхајм Флоријан Грилиш. Се мислеше дека тренерот од тактички причини го сменил Грилиш, но не било тоа причината.

Имено Австриецот во текот на првото полувреме дознал дека девојка му се пораѓа. Тренерот на Хофенхајм не сакал да го испрати на терен, па веднаш го сменил и му дозволил на фудбалерот да си замине од стадионот и да тргне таму каде што му беше најважно во тој момент.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести