Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Мајкл Џексон и сексуална злоупотреба: Судот ја отфрли тужбата против компанијата

Судот во Америка ја отфрли тужбата на Џејмс Сејфчак, кој тврди дека компаниите на Мајкл Џексон и дозволиле на поп-sвездата да го злоупотребува него и другите деца.

Сејфчак рече дека пејачот започнал да го малтретира кога имал 10 години.

Во 2014 година, Сејфчак ги тужеше MJJ Productions и MJJ Venture, тврдејќи дека тие биле „создадени за да му овозможат на Џексон сексуално да злоупотребува деца“.

Но, судијата ја отфрли тужбата, велејќи дека компаниите немаат должност да се грижат за Сејфчак.

Џонатан Штајнсапиер и Хауард Бицман, претставници на тужените компании, изјавија за Би-Би-Си: „Среќни сме што судот се согласи дека г. Сејфчак нема основа да продолжи да инсистира на тужбата“.

Сејфчак беше еден од двајцата кои ја обвинија покојната поп-sвезда за злоупотреба во документарниот филм „Заминување од Нордленд“.

Во тужбата, Сејфчак изјави дека Џексон го злоупотребувал сто пати дома или за време на турнеите што ги водел во текот на осумдесеттите и раните деведесетти години на минатиот век.

Компаниите на Џексон се создадени да се грижат за неговата кариера.

Но, тужбата тврди: „Тајната цел на овие компании беше да организираат сексуална злоупотреба на деца со тоа што ќе бидат задолжени за наоѓање, примама и заведување на жртви“.

Сејфчак се појави со Џексон во познатата реклама за освежителен пијалок Пепси и често излегуваше на сцената со пејачот за време на концертите.

Винс Финалди, адвокат на Сејфчак, изјави за БиБиСи:

„Тој беше вработен кај нив, беше ангажиран како танчер и забавувач на сцената. Бидејќи тој бил малолетник и работел за нив, тие имале должност да го штитат. Тоа е нашиот аргумент “.

Судијата од Калифорнија Марк Јанг не го прифати овој аргумент на обвинителството, изјавувајќи дека компаниите не биле директно одговорни за предизвикување емоционална болка и не можеле да го контролираат Џексон, бидејќи тој ги контролирал компаниите и сите вработени.

Затоа, компаниите не можат да бидат директни сторители, изјави судијата.

Сејфчак, кој бара отштета, чиј износ не е прецизиран, најави жалба на пресудата.

Џексон категорично негираше каква било злоупотреба за време на неговиот живот. Почина на 25 јуни 2009 година.

Сејфчак, (дете во тоа време), наводно сведочел како сведок кој го бранел Џексон кога обвиненијата против пејачот се појавија во 1993 година.

Во посебен случај, адвокатот Финалди го застапува и Вејд Робсон, исто така учесник во документарниот филм „Заминување од Недојдија“, и тоа судење треба да започне следното лето.

Режисерот на документарци, Дан Рид, наводно, прави продолжение за правните битки на Сејфчак и Робсон против Џексон.

Во средата, Deadline објави дека компаниите на Џексон презеле правни активности против директорот.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...