Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Ден пред „Ел Калсико“, Пике „распали“ против Бартомеу

Жерард Пике низ години стана една од главните играчи на Барселона, нековото мислење секогаш е важно. Навивачите едвај чекаат да даде изјава, бидејќи го кажува она што го мисли. Во едно интервју тој говореше за жешки теми, за претседателот Бартомеу и приказната за заминување на Меси.

Овој 33-годишен фудбалер е преполн со контрадикторност, беше подготвен да си замине, а потоа го продолжи договорот со клубот до 2024 година.

Иако од скоро доби договор, сепак не криеше што мисли за првиот човек и пред „Ел Класико“ отворено зборуваше.

„Мојот однос со претседателот може да биде многу подобар. Но, лудо е пто клубот потроши пари за да не критикува. Човекот кој беше задолжен за тие работи уште работи за клубот што пак е многу болно“, рече Пике кој ја критиуваше Барселона за намалувањето на платите и начинот на кој го правеше тоа.

„Начините кои ги користеше беа многу лоши, за тоа не се согласуваме. Барса ми даде се, затоа останав во тимот“.

Пике беше еден од ние кој беше подготвен да потпише намалување на платата за 50%. Тој зборуваше отворено и за заминувањето на Ернесто Валверде.

„Не беше добро така да се отпупти тренерот на среде сезона додека бевме лидери“, беше краткиот одговор за екс-стратегот.

Пике вели дека Меси е легенда, а дека клубот не смее да си дозволи да остане без него.

„Го замолив да остане, Меси тоа го заслужува. Не може некој кој игра 16 години во клубот да се замине и тоа да го соопшти преку факс, не е добро, тоа не смее да се дозволи. Бартомеу мора да ги цени сите, и оние кои си заминале“.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...