Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Наставниот процес во државата тече непречено во услови на пандемија

Соопштение за јавност од СДСМ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно шири невистини, овој пат за образованието. Вистина е дека образовниот процес во државата се одвива непречено, како учењето на далечина, така и наставата со физичко присуство на учениците и наставниците, со почитување на мерките за заштита.

За потсетување, време е на пандемија, и во такви услови речиси 90% од учениците без проблем следат онлајн настава, а за преостанатите тече настава на националната телевизија, додека не се решат техничките проблеми и проблемите со ИТ опремата.

ВМРО-ДПМНЕ се последните кои имаат право да зборуваат за образованието. Тоа е несериозно, и неодговорно по 11 години систематско уништување на образованието на секое ниво.

СДСМ создава образовен систем, којшто ќе ја движи државата напред и го враќа достоинството на наставниот кадар. Затоа во изминатиот мандат ги покачивме платите за 21% на наставниците и учителките, за 31% на негувателките и воспитувачките.

Од друга страна никој во државата не знае колку чинеше најголемата инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ во образовниот систем и каде завршија компјутерите кои беа за секое дете што вредеа десетици милиони евра, бидејќи кај учениците не завршиле воопшто.

Ова е потврдено и од Државниот завод за ревизија каде во извештаите јасно стои дека компјутерската опрема не била евидентирана, ниту пак бил почитуван законот за предавање на опремата на училиштата.

Деструкција, заштита на криминалот и неодговорно однесување, тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го нуди. Затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...