Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Заев, Димитров и Османи онлајн со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел

Најважните приоритети на Република Северна Македонија во актуелниот период се да биде усвоена Рамката за преговори со ЕУ од страна на Европскиот Совет и одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ до крајот на годината под претседателството на СР Германија, беше истакнато на разговорот на премиерот Заев со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, што беше организиран онлајн и во кој учествуваа и заменик претседателот на владата за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.  

На онлајн средбата со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел беше констатирано дека позитивниот исход за одржување на првата меѓувладина конференција ќе биде поттик побрзи домашни реформи, како и позитивен сигнал за регионот со што ќе се потврди европската перспектива на Западен Балкан, како една од целите за проширување на ЕУ.

„Вложено е многу од двете страни и исто толку многу е остварено што нѐ прави, како земја, подготвени за преговорите по поглавја за целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда“, рече на средбата со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Зоран Заев во разговорот со Шарл Мишел потенцираше дека приоритети на Владата за следниот период се понатамошното унапредување на агендата за реформи на ЕУ на инклузивен начин, со вклучување на опозицијата во Парламентот и со активно учество на граѓанското општество и меѓународните партнери.

На оваа онлајн средба со претседателот на Европскиот Совет беше нагласено дека постигнатите важни резултати во зајакнувањето на независноста на судството, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и конечните пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво, дополнително се подобрија и како такви се констатирани и во годишниот извештај на Европската Комисија за Северна Македонија.

„Северна Македонија ќе ги засили своите напори и ќе донесе понатамошни опипливи и одржливи резултати во клучните реформски области, особено во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против организираниот криминал и корупцијата“, рече премиерот Заев на оваа онлајн средба.

Тема на средбата, на која присуствуваа и учествуваа и заменик-претседателот на владата за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, беа и добрососедските односи и регионот.

Премиерот Заев истакна дека Владата е посветена на спроведување на обврските од Договорот од Преспа со Грција и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и дека сите преостанати прашања ќе се затворат низ билатерални средби и во пријателска атмосфера.

На средбата со Шарл Мишел беше потенцирано и огромното значење на Економскиот и Инвестициски План за Западен Балкан вреден 9 милијарди евра за поголеми инвестиции за зајакнување на инфраструктурната поврзаност, особено во областа на транспортот и енергијата, зелената и дигиталната агенда, како и за зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор како клучни области за регионалните економии.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел на онлајн средбата потсети дека еден од неговите први приоритети кога го презеде мандатот во ЕС, беше интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, и во таа насока високо ја оцени посветеноста Влада и на граѓаните на Северна Македонија во остварувањето европските стандарди во сите области, вклучувајќи го и усогласувањето на националните надворешни политики со оние на ЕУ.

„Тоа е многу важно“, рече претседателот на Европскиот Совет Мишел за да заврши побргу процесот на затворање на поглавјата кој ќе започне со првата меѓувладина конференција во декември, за време на претседавањето на СР Германија.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...