Годишната аукција на Prop Store, куќата која продава препознатливи предмети од филмови и ТВ-серии овој пат ќе ги вклучи славните чизми од „Убава жена“, „Матрикс 2“, „Војна на ѕвездите: Одмаздата на Сит“, „Бетмен“, „Осмиот патник“, „Лавиринт“…
Аукцијата ќе биде одржана на 1 и 2 декември, а онлајн регистрацијата и лицитацијата може да се испрати до 29 октомври. Во понудата е комплетното одело на Кијану Ривс како Неа во „Матрикс 2“ од 2003 година, чија вредност се проценува меѓу 52 и 78 илјади долари. Тука е и механичката глава на вонземјанин со специјални ефекти од НФ хорор „Осмиот патник“ од 1979.
Чизмите со висока потпетица, кои Џулија Робертс ги носеше во филмот „Убава жена“ од 1990, исто така, се на уакција и тоа по цена меѓу 13 и 19 илјади долари.
Освен тоа во понудата се и кристалната топка, потпишани фотографии и карти за журката од „Лавиринт“ (1986) во кој играше Дејвид Боуви.