8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СЕ РУШАТ ПЛАНИНИ НА АЉАСКА! Тоа предизвикува ЦУНАМ, но тоа не е најлошо што може да и се случи на ПЛАНЕТАТА

Новото истражување покажало дека планини на Аљаска полека се рушат со брзото топење на мразот кој ги држи, и се закана од која се создаваат огромни цунами кои би можеле да однесат голем број животи и дополнително да го загрозат екосистемот.

Научниците предупредуваат дека населените места и главните туристички атракции се во голема опасност. Едно од подрачјата кое најмногу ги згирижува стручњаците е падината на фјордот Бери Арм на Аљаска, која гледа на популарната рута за крстарење.

Клизиштето на Бери Арм исчезнало на почетокот на минатиот век, а топењето се забрзало пред десет години и откриено е оваа година со помош на сателитски фотографии.

Ако мразот се излизга во море, тоа може да создаде бранови кои ќе достигнат стоина метри во висина со што во целост ќе ја поплави туристичката дестинација на градот Витира.

Во текот на оваа година 14 геолози предупредиле дека “сепак е можно“ ова сценарио да се случи во следната година, а “вероватно“ ќе се случува и во следните 20.

На пример, 2015 година слично слекувалиште создало цунами кое уништило шуми на падините на Тан Флорида на Аљаска. Освен тоа, во текот на минатиот век 10 од 14 најголеми забележани цунами се случиле во змрзнатите планински подрачја.

Стручњаците сметаат со поставување на сензори кои наговестуваат забрзано движење на мразот е најдобар начин за решавање на опасноста. На овој начин би можеле да се евакуира градот и жителите.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести