Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Инспекторите ќе ги ПРАЗНАТ угостителските објекти и ќе ги ЗАТВОРААТ!

Свеста на граѓаните треба да се издигне на највисоко ниво ако сакаме да се намалат бројките на заразени со Ковид-19. Ниту една инспекција, ниту, пак, полицијата може да излезе на крај ако некој сака да направи некаков прекршок. Сепак ние сме тука колку што можеме тоа да го спречиме, порача денеска директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

-Ако кај некого не делуваат казните не знам што друго да преземеме. Тоа значи крајно немање свест кон другите граѓани, рече Пауновски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со другите институции од Инспекцискиот совет.

Со досегашното законско решение, потенцира, немаме прао да ги затвораме објектите доколку ги нарушуваат протоколите за работа и единствено можеме да поднесеме кривична пријава до јавното обвинителство или до соодветниот суд.

-Затоа се носат построгите мерки со кои ќе можеме веднаш да ги затвораме објектите до 30 дена и да изрекувама парична казна на лице место со платни налози. И овие денови додека Собранието не ги донесе новите законски решенија по кои веднаш ќе пристапуваме кон празнење на угостителските објекти и кон нивно затворање, ние постапуваме согласно досегашната практика, односно поднесување кривична пријава по член 205 и 206 за нарушување на протоколите, рече Пауновски.

По новите законски решенија, додаде, ќе постапуваме веднаш откако ќе излезат во Службен весник.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Забава

Сораја Вучелиќ го прослави својот роденден пред неколку дена, каде скапоцените подароци не изостанаа. Се зборуваше дека таа добила подароци вредни над 300.000 евра....