Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Го изневерила, родила дете кое не е негово и го тужела за алиментација – СУДОТ ОДОБРИЛ

Судот во Финска донесе одлука маж да плати алиментација за дете кое не е биолошки негово и кое го родила неговата сопруга откако го изневерила со друг маж. Неговата сопруга го родила детето во 2014 година, но тој дури две години подоцна дознал дека не е негов биолошки татко.

Двојката потоа се развела, по што мажот поднел барање да биде лишен од обврските како татко, но тој бил одбиен. Имено, судот пресудил дека тој го доставил барањето со задоцнување од неколку месеци.

Според финскиот закон, мажите имаат рок од две години да се одречат од татковството на биолошки неповрзано дете родено во брак. Рокот може да се продолжи, но само во исклучителни случаи.

Мажот вели дека дознал дури подоцна, дека бил во шок поради разводот, дека страдал од емоционален стрес и дека поради тоа не успеал да направи ДНК-тест. Судот не ги смета овие причини за доволно значајни. Сепак, она што е сигурно е дека биолошкиот татко на детето е друг маж.

Мајката подоцна го тужела својот поранешен сопруг за алиментација, а судот пресудил дека тој е обврзана да плаќа 308 евра месечно се додека детето не стане полнолетно во  2032 година, како и судските трошоци на поранешната сопруга.

Случајот предизвика дискусија на социјалните мрежи, многу Финци тврдат дека пресудата не е фер и бараат одбрана на машките права.

Финска е еден од светските лидери што ја поддржува и промовира еднаквоста и правата на жените. Се гордее што е пионер на родовата еднаквост затоа што Финска беше првата земја што на жените им додели целосни политички права во 1906 година.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...