1.8 C
Skopje
петок, март 15, 2024

Цел Наполи одново „негативен“, но нема информација дали е Елмас меѓу тестираните

„Сите тестови на коронавирус направени вчера се негативни. Го чекаме резултатот од уште еден кој беше тестиран денеска“, пишува Наполи во својот статус на „Твитер“.

Со тоа и натаму станува нејасно дали меѓу тестираните се и Елмас и Зелински кои се во изолација поради позитивни тестови.

Според некои пишувања, едниот од споменатите играчи е негативен, и може да почне да тренира, додека од другиот се чека резултат, кој се очекува да биде негативен, со што тимот би се коплетирал. Но, сето ова се само шпекулации.

Иста вест Наполи објави и пред неколку дена, која беше окарактеризирана дека Елмас го „победил“ коронавирусот, но тоа не беше така. Останатите играчи беа негативни, додека Елмас и Зелински и натаму мораше да минуваат во изолација. Сигурно е дека Македонецот, без разлика на тестот, нема да конкурира за настап против Аз Алкмар во Лигата на Европа.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести