10.8 C
Skopje
недела, март 17, 2024

Ново, овој пат уште поголемо понижување за Озил поради кое нема да игра во Премиер-лигата

Месут Озил е „вишок“ во Арсенал. Тоа на сите им е јасно, но Германецот никако не успева да најде нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Играчот од средниот ред само е понижуван од својот клуб. Пред десетина дена не беше вклучен на списокот на фудбалери за Лигата на Европа, а сега Микел Артета не го ставил ниту на конечниот список за настап во Премиерлигата.

Тоа значи дека Озил нема да може да игра во англиското првенство, а ќе може да игра само во Куповите на оваа земја.

Ова е знак дека за Германецот и дефинитивно нема место на „Емирати“, и дека треба уште во јануари да си бара нова средина. Договорот му истекува во јуни 2021 година.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести