Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на премиерот Заев со претставници на Градежната комора

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јакимовски и со членови на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. На состанокот беше вклучен преку интернет (on line) и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На средбата се поздравени заложбите на премиерот Заев за подобрување на деловното опкружување во државава.

Истакнати се определбите на Градежната комора за продолжување на партнерскиот однос и за соработка во активностите, важни за развојот на економијата.

Разгледани се и конкретно, актуелните состојби во секторот градежништво и е разговарано за можностите за реализација на капитални инвестиции од значење, како за градежниот сектор, така и за граѓаните и за државата.

„Нашата цврста определба е раст на домашната економија, во што голем придонес може да дадат домашните фирми со активната работа, меѓу коишто и компаниите од секторот градежништво. Ја поддржуваме иницијативноста на Градежната комора да помогне во овој процес, што ја има поддршката на Владата“, рече премиерот Заев на средбата со претставниците на Градежната комора на Македонија.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...