Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Србија се спрема за АПОКАЛИПТИЧНО СЦЕНАРИО ЗА 15 ДЕНА

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, за РТС вели дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија.

Тој исто така посочува дека е многу песимист и дека „мора да бидеме паметни денеска за да не се грижиме утре“. Тој исто така објасни како ќе се развива ситуацијата ако „не размислиме за тоа“.

– Замислете една ситуација дека денеска е 15 ноември и дека Србија ги руши сите дневни рекорди во бројот на новозаболени и дека треба да ја славите вашата слава, да речеме Аранѓеловдан, и вие немате кому да се јавите, бидејќи сите што ги познавате или се заразени или се на интензивна нега, рече Саздановиќ.

Тој истакна дека ја наведува оваа апокалиптична верзија, бидејќи може да се случи за 15-20 дена.

– Ако денес не сме паметни, ако денес не носиме маски, не внимаваме и избегнуваме нелегални собири, не држиме дистанца и не миеме раце, тогаш ќе се случи да немаме кого да повикаме на нашите прослави, бидејќи ќе има масовна инфекција и ќе има многу заболени, рече директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац.

Тој изјави дека бројот на пациенти во Крагуевац е загрижувачки бидејќи само вчера имале на 220 прегледи, исто како во јули кога ситуацијата била многу тешка.

– Се плашам дека за неколку дена повторно ќе влеземе во ритам што ќе не доведе во иста ситуација како во јули. Тогаш реков дека ни се закануваат шпански и италијански сценарија, сега веќе не е, сега е европско сценарио, бидејќи секаде е страшно, додаде Саздановиќ.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...