Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Борбата против коронавурусот е заедничка на сите граѓани

Соопштение за јавност од СДСМ:

Ситуацијата со коронавирусот во целиот свет и кај нас, навистина е сериозна, бројот на новоинфицирани е голем и затоа е неопходно секој граѓанин да ги почитува постојните мерки за заштита – да носи заштитна маска, да држи дистанца и редовно да ги мие и дезинфицира рацете.

Се очекува Собранието во најкус можен рок да ги донесе новите мерки, кои на предлог на Комисијата за заразни болести ги прифати Владата предводена од СДСМ, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од 4 гости во едно домаќинство.

Комисијата за заразни болести има подготвено дополнителен пакет рестриктивни мерки, кои вклучуваат ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50%, целосна забрана за секакви настани, крај на работното време на сите економски оператори до 23 часот и препорака до целата државна и јавна администрација, општини и судови, работниот процес да се одвива во смени, онлајн од дома или по систем на ротации.

Со овие мерки се исцрпени сите можности на надлежните да го спречат ширењето на коронавирусот.

Токму затоа сите граѓани мора совесно и дисциплинирано да ги почитуваат мерките за заштита и ковид протоколите.

Само така може да го избегнеме црното италијанското сценарио, да го намалиме ризикот од преполнување на болничките капацитети.

Пандемијата го промени целокупното наше живеење, но немаме друг избор освен да се бориме со почитување на превентивните мерки – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Борбата против коронавурусот е заедничка борба на сите граѓани. Сите мораме да бидеме дисциплинирани, совесни и одговорни во почитувањето на мерките.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...