Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Прифатен предлогот за РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЛИДИЈА ДИМОВА

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, која во изминатиот период ја разбранува јавноста со серијата скандалозни доделување европски пари, е разрешена од функцијата.

Како што соопштија од Владата, предлогот за разрешување е доставен до Управниот одбор на Агенцијата, а причина за нејзиното разрешување е неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност – се наведува во Владиното соопштение.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...