15 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

ПОЗНАТИОТ ДИЏЕЈ ПОЧИНА НА ИБИЦА: Семејството се огласи со тажни зборови – УМРЕ ВО СОН, НА ОМИЛЕНОТО МЕСТО

Хозе Падија, познатиот диџеј од Ибица, починал во неделата на 64-годишна возраст.  Тој е најпознат по сетот „Cafe del Mar”, а неговото семејство соопштило дека умре во сон, токму во своето омилено место – Ибица.

„Со голема тага ви ја соопштуваме веста дека Хозе почина во сон во неделата вечер на својот сакан остров Ибица. Неговото семејство и пријателите сакаат да им се заблагодарат на сите кои испратија донации и пораки со поддршка за да му ги олеснат последните неколку месеци, како и на сите вработени во болницата „Can Misses” кои за него се грижеа до крајот”, се вели во соопштението од семејството.

Порано оваа година беше откриено дека на Падија му е дијагностициран рак на дебелото црево, а беше покрената и акција за собирање пари за трошоците за лекување.

https://www.instagram.com/p/CGicC1iKvdb/?igshid=1ojhjwr4rg7wr

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести