Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

На банките им се заканува КРИЗА ПОРАДИ „ЗОМБИ КОМПАНИИ“

Германскиот економист Рајнт Гроп, претседател на Институтот за економски науки Хале, предупредува дека Германија од корона криза влегува во финансиска криза поради илјадници несолвентни компании.

– Ние мора да се подготвиме за нова банкарска криза – рече Гроп за весникот „Билд“.

Причината за ваквите негативни изгледи е привремено укинување на обврската за поднесување барања за несолвентност на компании во финансиски проблеми. Според него, мерките на владата за време на корона криза создадоа илјадници „зомби“ компании, кои долго време се несолвентни, но сè уште тоа не го пријавиле.

– Веднаш штом ќе престане да важи привременото укинување на обврската за пријавување на неликвидност, мора да се подготвиме за бран на сетечаи. Ова ќе биде огромен проблем за банките. Ние мора да тргнеме од фактот дека до 25 проценти од сите заеми на претпријатијата ќе бидат во опасност и нема да можат да бидат отплатени – смета Гроп.

Ако се случи тоа, вели тој, им се заканува на некои банки да банкротираат. Затоа тој бара политиката сега да го зголеми притисокот врз банките да го зголемат сопствениот капитал и да бидат поотпорни на кризи. Дојче банк смета и на јасно зголемување на банкрот на компании во Германија најдоцна на крајот на годината.

Според проценките на банката, бројот на стечаи може да се зголеми за повеќе од 35 проценти или повеќе од 6.000 случаи во првиот квартал од следната година.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...