Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДОСЕТЛИВ ДЕБАРЧАНЕЦ сакал да регистрира автомобил со лажни документи, ама добил кривична

Дебарчанец заработи кривична пријава за измама при регистрација на возило внесено од странство.

– Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против С.С. (42) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Тој, со намера да ја искористи поволноста за увоз и прва регистрација на возило при враќање од странство, доставил барање за добивање уверение и потврда за живеалиште во Дебар со невистинити документи, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека иако знаел дека документите се невистинити, истите пријавениот ги приложил во постапката за идентификација, хомологација и регистрација на увезен патнички автомобил.

Димоски, исто така, информираше дека во последното деноноќие на подрачјето на ОВР Дебар, полициските службеници констатирале 21 прекршок за неносење лична заштита на лицето,за што се издадени прекршочни платни налози.Во последните три дена вакви налози се издадени на 40 лица.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...