Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Во Општата болница во Кочани отворено Ковид одделение, примени првите пациенти

Во Општата болница со проширена дејност од Кочани почна со работа посебен оддел за згрижување пациенти со Ковид-19. За почеток се обезбедени 25 легла, а одделот е сместен во рамки на Интерното одделение на болницата.

– Во договор со Министерството за здравство и со Клиничката болница од Штип, каде веќе се исполнети сите капацитети, почнавме со преземање на дел од позитивните пациенти со Ковид-19. Во моментот имаме тројца заболени со полесни симптоми на болеста и седуммина со позитивен тест, за кои се грижи постојниот медицински персонал, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница од Кочани.

Болницата во Кочани има ограничени просторни услови за обезбедување дополнителен број легла за згрижување нови пациенти. Поради тоа од Министерството за здравство беше најавено дека во болничкиот круг се планира изградба на монтажна модуларна болница за потребите на нов регионален Ковид центар.

Во меѓувреме, додека чека на потпишувањето договор со ресорното министерство за изградба на монтажната болница, Општина Кочани самоиницијативно ја презеде обврската да ги обезбеди потребните приклучни елементи за струја, вода и канализација за нејзино нормално функционирање.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...