Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Секој четврти тестиран е заразен од КОВИД, Комисијата за заштита од заразни болести потфрли

Соопштение за јавност од ВМРО-ДПМНЕ:

Секој четврти тестиран во Македонија е заразен со КОВИД. Политиките на власта крахираа. Комисијата за заштита од заразни болести целосно потфрли. 

За не цела недела имаме 2.000 заболени, онолку колку што Комисијата прогнозираше дека ќе имаме во текот на целата пандемија.
Пандемијата се уште не е завршена, а бројот на заразени е десеткратно повеќе од прогнозите на Комисијата за заштита од заразни болести и власта.
И власта не прави ништо за да спречи уште поголема катастрофа. На праг сме на сезоната на грип, а уште немаме вакцини. Највозрасните и хронично болните се оставени буквално на себе.
СДСМ не се потруди ниту да се подготви за есенскиот голем бран на КОВИД. Цело лето преспаа, и не оспособија ниту еден болнички капацитет повеќе, иако знаеја дека ситуацијата ќе биде лоша, резултатот сега го гледаме, преполни болници уште на почеток на есента.
Хаосот кој се случува предизвикан од КОВИД е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и власта кои немаат план како да се справат со заразата. Со СДСМ Македонија и граѓаните само тонат во хаосот на пандемијата.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...