6 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Вечерва почнува новата сезона во Лигата на шампионите: „Баварците“ ја бранат европската круна!

Од денеска почнува групната фаза на фудбалската Лига на шампиони. 32 клубови ќе се борат за престижниот пехар наменет за европскиот шампион, а бранител на истиот е германски Баерн Минхен кој ја освои титулата по триумфот над ПСЖ во финалето. Во услови на пандемија ќе почне новата сезона во елитното клупско натпреварување, а како ќе заврши тоа ќе го диктира КОВИД-19. Минатата сезона поради опасниот вирус завршницата беше направена како фајнал фор турнир кој се одигра летоска. Не е исклучено и оваа сезона да почне стандардно, па да има претумбации и одложувања затоа што Европа се соочува со Втор бран на вирусот.

Како и да е, рефлекторите на Лигата на шампионите се вклучуваат и почнува шоуто со бројни интересни натпревари. Да кажеме неколку интересни податоци. Ново во оваа сезона е тоа што ќе има пет измени на натпреварите, а бројот на фудбалери на списокот е 23.

Оваа сезона имаме и неколку дебитанти: Митјиланд, Башакшехир, Краснодар и Рен

Унгарскиот гигант Ференцварош се враќа во групите на ЛШ по пауза од 25 години. А и Салцбург по 26 години влезе во групната фаза на ЛШ. Последен пат како Казино Салцбург, а после низа неуспешни обиди конечно оваа година се пласира во елитата под капата на Ред Бул.

Што се однесува до групите тука се неколку кои избиваат во прв план. Група А каде што се Баерн, Салцбург, Атлетико и Локомотив.

Група Х во која се ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лајпциг и Башакшехир. По изедначеност се Група Д и Група Ф.

Денеска се игра 1. коло, а неколку интересни дуели се на програмата: Челзи-Севиља, ПСЖ – Манчестер Јунајтед. Утре: Ајакс-Ливерпул и Баерн – Атлетико во центарот на вниманието.

Инаку финалето е на „Ататурк“ стадионот во Истанбул идната година.

НАТПРЕВАРИ ПО ГРУПИ

20 и 21. октомври 2020 – 1 коло

27 и 28. октомври 2020 – 2.коло

3 и 4. ноември 2020 – 3 коло

24 и 25. ноември 2020 – 4 коло

1 и 2. декември 2020 – 5 коло

8 и 9 декември 2020 – 6 коло

НАТПРЕВАРИ ОД 1.КОЛО

ВТОРНИК (20.10.2020)

ДИН.КИЕВ – ЈУВЕНТУС  18:55

ЗЕНИТ – БРИЖ  18:55

БАРСЕЛОНА – ФЕРЕНЦВАРОШ  21:00 ч.

ЧЕЛЗИ – СЕВИЉА            21:00 ч.

ЛАЦИО – ДОРТМУНД   21:00 ч.

ПСЖ – МАН.ЈУНАЈТЕД   21:00 ч.

ЛАЈПЦИГ – БАШАКШЕХИР          21:00 ч.

РЕН – КРАСНОДАР          21:00 ч.

СРЕДА (21.10.2020)

РЕАЛ М. – ШАХТЈОР       18:55 ч.

САЛЦБУРГ – ЛОКОМОТИВ          18:55 ч.

АЈАКС – ЛИВЕРПУЛ         21:00 ч.

БАЕРН – АТЛЕТИКО        21:00 ч.

ИНТЕР – МЕНХЕНГЛАДБАХ         21:00 ч.

МАН.СИТИ – ПОРТО      21:00 ч.

МИТЈИЛАНД – АТАЛАНТА          21:00 ч.

ОЛИМПИЈАКОС – МАРСЕЈ          21:00 ч.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести