4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЧЕШКА МИНИСТЕРКА ГО НАРЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ ИДИОТ, мислеше дека камерата е исклучена (ВИДЕО)

Министерката за труд и социјала во Чешка, за време на интервју мислеше дека веќе камерите и микрофоните се исклучени, па си зеде слобода да го критикува чешкиот премиер, но и да го навреди па го нарече идиот.

Јана Малачова, член на чешката влада, остро ја критикуваше работата на премиерот Андреј Бабиќ, пренесува порталот Текдипс.

 – Сето ова е хаос кој Бабиш го направи. И сега сите мора да лижеме. Тој е идиот, извинете – рече Малачова на крајот од интервјуто, мислејќи дека се исклучени камерите и микрофоните.

Новиот коментар веќе создаде хаос на социјалните мрежи, особено кај членовите на чешката опозиција.

На пример, Мирослав Калоусек напиша на Твитер: „Се прашувам како да ги повикам министрите кои се подготвени да останат во владата на личност за која имаат такво мислење“.

Ова не е првпат да светнат искри меѓу министерката Малачова и премиерот Бабиш.

Во мај, во изјава за весникот Право, Бабиш ја критикуваше министерката: „Бев многу разочаран од г-ѓа Малачова, која дејствуваше незаконски за време на оваа криза“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести