10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Стадионот на кој Полска ја нагости Македонија, ќе биде претворен во болница

Полска на националниот стадион во Варшава планира да отвори привремена ковид болница поради зголемувањето на бројот на пациенти со коронавирус, изјави денеска портпаролот на полската влада, Пјотр Мулер.

Британските медиуми го цитираат Мулер, наведувајќи дека конференциските сали на стадионот ќе бидат претворени во болница со околу 500 легла.

Македонската репрезентација на 13. октомври минатата година играше на тој стадион, и загуби од Полска со 2:0 во квалификациите за пласман на ЕП. Со таа победа, Полјаците и дефинитивно го осигураа местото меѓу најдобрите европски селекции.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести